Дагестанско село ќе се вика Манап во спомен на таткото на Хабиб Нурмагомедов

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Селото Кироваул во Дагестан, во кое Нурмагомедови долго време живееја, може да добие ново име во чест на неодамна починатиот Абдулманап, таткото и тренер на Хабиб.

Старешината на селото Кироваул рече дека по седумдневната жалост жителите ќе одлучат дали да го променат називот на селото во Манап, пренесуваат руските медиуми.

Абдулманап Нурмагомедов, таткото и тренер на шампионот на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов, почина од последиците на коронавирусот во 58 година од животот. Абдулманап воспита 18 спортисти-прваци на светот.

Прочитајте повеќе: Каде живее првакот на УФЦ Хабиб Нурмагомедов? (ФОТО)