Абдулманап и Хабиб Нурмагомедови
Комсомольская Правда/Global Look PressЗа смртта на Абдулманап прв на својот телеграм-канал напиша првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров.
„До мене дојде тажната вест дека овој свет го напуштил Абдулманап Нурмагомедов. Му изјавувам сочувство во име на целиот чеченски народ на семејството на Абдулманап Магомедович! Замина, но ни останува во добро сеќавање и воспита генерација големи спортисти“, напиша Кадиров.
Абдулманап Нурмагомедов почина од последици на ковид-19. Првин беше згрижен во болница во Дагестан поради сомнение за воспаление на белите дробови, а кога ситуацијата се искомплицира и падна во кома, беше префрлен во Москва. Почина по неколку недели борба.
Абдулманап Нурмагомедов беше признат тренер на Русија во самбо и главен тренер на репрезентацијата на Република Дагестан. Воспита 18 спортисти-прваци на светот, а меѓу нив и својот роден син Хабиб.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче