Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како и претходните години, помина пред илјадниците војници пред да започне маршот на Црвениот плоштад и низ улиците на главниот град.
Над 14000 војници, придружени со повеќе од 300 парчиња воена техника, поминаа по улиците на централниот дел на Москва и Црвениот плоштад на 24 јуни, кога Русија ја одбележа 75-годишнината од крајот на Големата татковинска војна.
Меѓу руската војска се смета за вистинска чест да се биде дел од воените паради на симболични датуми. Секој војник кој марширал на Црвениот плоштад на таков датум добива медал, еднонеделен одмор, па дури и дополнителна плата (или бонус, нецела месечна плата).
Жените кои ја бранат Татковината исто така ѝ се придружија на регуларната војска на Црвениот плоштад. Околу 400 жени-војници маршираа покрај мажите од Русија и од целиот свет, придружени од најновите воени возила на Русија.
Што се однесува до гостите од странство - војници од Индија, Кина, Србија, Монголија, заедно со оние од поранешните советски држави, исто така маршираа на Црвениот плоштад, заедно со 14000 руски војници.
Традиционално парадата започнува со Т-34, легендарниот кој го смени текот на настаните во Втората светска војна. Овие целосно оперативни ретро-борбени машини може да се видат (а можете дури и да изнајмите за возење) во паркот „Патриот“ во предградијата на Москва.
Познат под името „Терминатор“, оваа тешка борбена машина за поддршка на тенковите е вооружена со два спарени топа од 30 мм, четири ракети, фрлачи на гранати и митралези. Оваа машина стана инстант сензација кога се појави во руската армија поради нејзината незапирлива огнена моќ и врвните можности.
А-50, еден од најголемите авиони за рано предупредување и контрола (AWACS) во светот, исто така се приклучи на воздушниот дел на парадата.
По традиција, борбените и товарните хеликоптери летаа над покривите на зградите во Москва за да бидат внимателно разгледани од жителите на градот.
„Руски витези“, тимот за акробатски летови, традиционално ја исцрта руската тробојка на небото над Московјаните, како знак за крајот на воената парада.
Кликнете овде за да видите кои нови воени возила беа претставени пред светот на воената парада на 24 јуни на Црвениот плоштад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче