По повод 75-годишнината од Победата: 15 минути огномет во Москва (ФОТО, ВИДЕО)

Министерство за одбрана на Русија
Вечерното небо на руската престолнина на 24 јуни го осветлија 10 илјади огнометни ракети. Почесната стрелба во чест на годишнината од Победата згрме во Москва вторпат годинава.

„Во Москва почесната стрелба траеше најдолго. Притоа небото го прелеаја боите на државното знаме. (...) Огнометните лансери во текот на 14 минути го исполнуваат ноќното небо со искрести снопови со бели, сини и црвени нијанси”, извести Западниот воен округ, вклучен во организацијата на огнометот.

Почесната стрелба на Поклонаја Гора во Москва траеше 15 минути. Во неа учествуваа 40 лансери кои истрелаа кон небото 10 илјади огнометни ракети. Искрите од експлозиите опфатија преку 300 метри во радиус.

Специфичноста на годинешната почесна стрелба беше учеството на 18 топови ЗИС-3 од времето на Втората светска војна кои, исто така, истрелаа 30 ракети.

„Ден пред одржувањето на почесната стрелба беше направена мултимедијална схема на огнометот, чија основа ја сочинуваат боите на руското знаме“, рече командантот на дивизионот што го изведе огнометот полковник Вјачеслав Парадников.

Нешто слично Московјаните веќе видоа на 9 мај, кога на Денот на Победата поради епидемијата на коронавирусот од сите празнични манифестации беше изведена само почесна стрелба со огномет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња