Главните новитети на Парадата на победата во Москва (ГАЛЕРИЈА)


С-350 „Витјаз“

С-350 „Витјаз“

Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.net
Овие метални аждаи веќе ги штитат границите на Русија, а во мај за првпат ќе поминат на Црвениот плоштад.

Над 14.000 војници со поддршка од 300 модели на воената техника ќе учествуваат на празничната парада. Како што изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, тој ден на Црвениот плоштад можат да поминат 20 типови нова и модернизирана техника.

1. Противвоздушен ракетен систем „Бук-М3“.

Противвоздушен ракетен систем „Бук-М3“

Овој тактички ракетен систем направен е за сите временски услови и предвиден е да биде „последната линија на воздушната одбрана“. Служи за покривање објекти на „блиски растојанија“, доколку непријателските авиони и ракети по некакво чудо ги поминат ешалоните С-400 и Панцир С-1.

„Бук-М3“ ги соборува сите воздушни цели во радиус од 45 километри,

2. Крајбрежен ракетен систем „Бал“

Крајбрежен ракетен систем „Бал“

„Бал“ е главниот крајбрежен штит на Русија.

Секој систем „Бал“ има најмногу четири лансери со крстосувачки ракети Х-35/Х-35У, од кои секоја може да уништи непријателски брод во радиус од 260 километри. Боевата глава тешка 140 килограми претвора во куп морски отпад дури и носач на авиони.

3. С-359 „Витјаз-ПВО“

С-359 „Витјаз“

С-359 е нов модел противвоздушна одбрана што го произведува концернот „Алмаз-Антеј“. Ова оружје ќе биде најсериозната конкуренција на пазарот на системите за ПВО со мал дострел.

Творците на системите С-400 сметаат дека нивниот нов производ поефикасно ги уништува непријателските ракети, бомби и авиони „додека се приближуваат“ кон целта и очекуваат дека ќе ги потиснат производителите на зенитно-ракетните системи „Тор“, „Бук“ и „Панцир“ како на внатрешниот, така и на странскиот пазар.

Системот С-350 уништува цели на растојание од 30 до 60 километри, може да гаѓа 16 цели истовремено.

4. „Деривација-ПВО“

„Деривација-ПВО“

Во суштина „Деривација“ е зенитен систем направен на платформата „Армата“ и е наменет за борба против непријателските дронови. Тоа е релативно евтино и ефикасно средство за борба против малите воздушни цели кои носат бомби и кои активно ги користат терористите на Блискиот Исток.

„Деривација“ има автоматски артилериски топ со калибар од 57 милиметри, митралез со калибар од 12.7 милиметри и противтенковски ракетен систем „Корнет“

Воздушните цели ги гаѓа во радиус од 200 до 6.000 метри,

5. Т-90М „Прорив“

Клучната карактеристика по која Т-90М „Прорив“ се разликува од претходните модели Т-90 е обновениот модул на куполата. Направен е според стандардите на 21 век и е во согласност со предизвиците на новите војни. Има оклоп од неколку слоја, полнење на проектилите надвор од борбената кабина и топ 2А82-1М со калибар од 125 милиметри (тоа е топот на најновиот тенк Т-14 „Армата“).

Опремен е со високоавтоматизираниот систем „Калина“ за управување со оган и со зенитен митралез „Корд МТ“ со калибар од 12.7 милиметри на далечинско управување.

„Прорив“ во суштина е поевтина верзија на најновиот тенк Т-14 „Армата“, наменет за земјите кои сакаат да набават најдобар тенк на светот, но цената им е премногу висока.

6. БМП-3

Борбеното возило на пешадијата БМП-3М „Драгун“ со борбен модел БМ 100+30.

Борбеното возило на пешадијата БМП-3М „Драгун“ е опремено со најнов систем за управување со огнот. Машината може да оди во комплет со оружја со калибар од 57 милиметри, од 100 милиметри, па дури и од 125 милиметри. Последниот пробива оклоп на современ тенк.

Електрониката ги следи сите функции на борбеното возило, почнувајќи од неговото движење на теренот, па до регистрирањето на параметарот за работа на системот за управување со оган со вградена вештачка интелигенција која самостојно ги препознава, ги локализира и ги следи копнените и воздушните цели, а може и да отвори оган на нив.

7. Возило за евакуација на ранети „Линза“

Возило за евакуација на ранети од бојното поле „Линза“

Станува збор за оклопно возило за евакуација на ранети од бојното поле. Едноставно речено, тоа е воена варијанта на „брза помош“ која може да издржи оган од сите видови стрелачко вооружување и експлозија од нагазна мина.

„Линза“ е направена на база на возилото „Тајфун“, но од него се разликува по главната кабина зад возачката, каде лекарите можат да му дадат на ранетиот прва помош на лице место. Кабината може да прими четворица војници во лежечка и шестмина во седечка положба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња