Руски илустраторки насликаа плакати-благодарници за лекарите (ФОТОГРАФИИ)

Начин на живеење
ВИКТОРИЈА РЈАБИКОВА
Ваква убава благодарница може да биде и украс на ѕид.

Tillanelli Studio, меѓународно здружение на илустратори чии основачи се од Москва и Санкт Петербург, објави серија плакати со зборови на благодарност упатени до лекарите, медицинските техничари и сите кои се борат против COVID-19.

На секој плакат е напишано „Благодарам“ на руски или англиски. Сите плакати, па дури и оние во голем формат, можат да се преземат на сајтот на Tillanelli во PDF формат и да се објавуваат на социјалните мрежи или да се закачуваат на фасадите на зградите, на прозорците и секаде каде што можат да ги видат храбрите луѓе на кои им се посветени плакатите.