Уметници им се заблагодарија на лекарите: Џиновско срце на полјана во предградие на Москва

Тие на тој начин сакаа да му се заблагодарат на медицинскиот персонал кој деноноќно се бори против пандемијата на новиот коронавирус.

Една полјана покрај патот во близина на рускиот град Подолск во Подмосковјето ја украси огромно бело срце со натпис „Благодариме на лекарите“, придржувано од дланки, со димензија од 30 метри, работа на ликовните уметници, браќата Иља и Максим Демченко.

Уметниците повикаа видеото за нивниот перформанс да се споделува на социјалните мрежи за да знаат здравствените работници дека луѓето не ги заборавиле. „Пријатели, можеби би можело да ви се стори дека ова е ситница. Меѓутоа, лекарите треба да се чувствуваат како херои кои ги поддржуваме сите ние. Ширете го ова видео за да го видат медицинарите нашето и ваше „благодарам“, повикаа браќата Демченко.

Браќата Демченко се занимаваат со графити повеќе од десет години. Најдобро доживување на нивната работа се добива од погледот од птичја перспектива.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња