Нема да има руска зима: Глобалното затоплување во Русија поизразено отколку во остатокот од светот

Комсомољскаја Правда/Global Look Press
Просечната годишна температура во Русија последните десет години пораснала 0,47 степени, што е два и пол пати повисоко темпо на раст во однос на глобалната температура во истиот период.

Просечниот пораст на температурата на воздухот на просторот на Русија на годишно ниво, во периодот од 1976 до 2019 година изнесувал  0,47 степени на секои десет години. Значи, станува збор за 2,5 пати побрз раст во однос на порастот на температурата на глобално ниво за истиот период (0,18 степени на секои десет години), се наведува во извештајот на метеоролошката служба за специфичностите на климата во Русија во 2019 година.

Според зборовите на раководителот на „Росгидромет“ Игор Шумаков на просторот на Русија, како и генерално на целата наша планета, затоплувањето продолжува. А неговото темпо наголемо ги надминува глобалните показатели. Температурата секоја наредна деценија од 1980 година била повисока од претходната. Во текот на последните триесет години (од 1990 до 2019) температурата на годишно ниво во просек растела 0,81 степени или 2,43 степени за 30 години, пренесува РГ.

За затоплувањето зборуваат и фактот дека ледената покривка на Арктикот забрзано се намалува, зголемувањето на дебелината на сезонски стопениот слој на пермафростот, пократкото присуство на наслаги на снежната покривка, и други индикатори, се наведува во извештајот. Според податоците од мониторингот на гасовите со ефектот на стаклена градина во атмосферата што го спроведе „Росгидромет“, нивото на концентрација на јаглерод диоксид на северните географски ширини расте.

Научниот раководител на „Хидрометцентарот на Русија“ Роман Вилфанд предупреди претходно дека зимата 2019/2020 беше најтоплата во Русија откако се вршат метеоролошки набљудувања. Температурниот рекорд забележан зимата 2015/2016 година е надминат за 1,3 степени.

Минатата година во Русија беше навистина топла, но не и најтоплата, па така на скалата до 1936 година до денес, 2019 година го зазеде четвртото место. Во текот на целата година беа регистрирани климатски аномалии, па така пролетта беше многу топла со просечна температура од 2,8 степени повисока од стандардната. Во јуни рекордно високи температури беа измерени на југот на европскиот дел на Русија, на северен Кавказ беше потопло за 4,26 степени во однос на просечните вредности, а во Јужниот федерален округ за 4,29 степени. Заедно со сериозниот дефицит на врнежи (само 46 отсто во однос на просечните), тоа доведе до суша.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња