Во Русија пронајдено решение за глобалното загревање

Global Look Press
Стручњаците на ракетно-космичката корпорација „Енергија“ предложија да се формира голем „чадор“ кој би ја штител Земјата од сончевото зрачење. На тој начин за 30 години температурата на планетата би опаднала за 0,3 степени Целзиусови. Тоа го објаснуваат научните соработници на наведената компанија во статијата што ја објавија во корпоративниот магазин „Вселенска техника и технологии“.

Во материјалот се наведува дека „клучен елемент на резервниот вселенско енергетско-климатски комплекс кој го регулира топлотниот режим на земјината атмосфера може да биде „соларниот едреник“, т.е. вселенски брод што лебди во место и автоматски ја регулира климата на Земјата (БАРК)“, пренесува РИА „Новости“.

БАРК е огромен соларен едреник со пречник од 220 километри, со конструкција тешка 800000 тони. Тој би бил лансиран во Лагранжовата точка меѓу Сонцето и Земјата (место во вселената каде што се изедначува гравитацијата на Сонцето и Земјата, оддалечено 2,57 милиони километри од нашата планета) и тука би ја засолнувал Земјата од сончевите зраци.

Доколку Парискиот климатски договор го исполнат земјите кои го потпишаа, со дополнување од 2030 година да почне намалување на аерозагадувањето, стручњаците на „Енергија“ пресметаа дека во тој случај вселенскиот систем би можел да биде лансиран 2070 година и со тоа во наредните 30 години глобалната температура би се намалила за 0,3 степени Целзиусови.

Истражувачите апелираат да се почне што побрзо со реализација на овој проект.

„Ако сакаме вселенскиот систем на регулирање на топлотниот режим на земјината атмосфера да биде поефикасен, тогаш тој систем треба да проработи што порано, во секој случај пред да се стопи поларниот мраз на планетата“, пишуваат тие.

Со цел поевтино производство и помало влијание врз екологијата БАРК, според нив, би требало да се гради на Месечината од месечеви материјали. Работите би ги вршеле роботи под непосредна контрола на луѓе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња