„Ел Паис“: Сибир гори, а Гренланд се топи

Иља Најмушин/Reuters
Авторот на статијата во шпанскиот весник „Ел Паис“ загрижено и емотивно пишува за топлото време на Алјаска, топењето на глечерите на Гренланд и пожарите во Сибир. Тој смета дека сето тоа е последица од глобалното загревање и предупредува: ако глобалното загревање не запре веднаш, постои сѐ поголем ризик огромни површини копно да се најдат под вода.

Комбинација од неколку фактори ја забрзува промената на климата, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“ (El País).

Алјаска денес не е задолжително синоним за студ. Во Енкориџ, најгусто населениот град на американската држава Алјаска, кој се наоѓа на северозападот на земјата, на 4 јули е забележана температура од 32 степени, што е незапаметено за овие предели. Според податоците на еколошката организација „Гринпис“, истовремено на Гренланду вечниот лед се топи со неверојатна брзина, а во Сибир оваа година пожарите уништија речиси 15 милиони хектари шума. Поголемиот дел од пожарите што беснеат на руските простори зафаќа слабо населени предели, каде властите дури и немаат обврска да ги гаснат. Според процената на еколозите, во Сибир, каде што Владимир Путин обично шета или се сонча, на изгорените шуми ќе  им бидат потребни повеќе од сто години да се обноват, пишува „Ел Паис“.

Оваа комбинација на фактори само ја забрзува промената на климата, смета шпанскиот новинар. Австралискиот истражувач Џон Черч (John Church) предупредува: „Во најскоро време климата може кардинално да се промени“. Ако веднаш не се запре глобалното загревање, постои сѐ поголем ризик огромни површини копно да се најдат под вода.. „Коктелот“ од акумулираните гасови на стаклена градина и зголемувањето на температурата на атмосферата ќе доведе до пораст на нивото на морето и нови опасности.

Ова лето веќе можеа да се слушнат повици за тревога. Глациолозите тврдат дека одмрзнувањето на Алјаска е последица на покачената температура во тропската зона на Тихиот океан поради зголемувањето на емисија на стакленички гасови. Покрај тоа, во јули ледениот штит на Гренланд изгуби 197 милијарди тони мраз, што е еднакво на 80 милиони олимписки базени. Ако ова продолжи, би можело да дојде до едно од најголемите топења на мразот на Гренланд од 1950 година, откако се спроведуваат истражувања врз основа на проверена методологија.

Џиновскиот дански остров често се користи за процена на штетата што може да ја претрпи нашата планета. Истражувачите пресметале дека, ако се стопат сите глечери на Гренланд, на некои места на Земјата нивото на морето би можело да порасне за дури седум метри.

Прочитајте повеќе:

За обнова на руската тајга погодена од пожарите може да бидат потребни и 100 години

Швајцарски научници: До 2050 година Москва потопла за 5,5, Скопје за 6,9 степени Целзиусови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња