Авторот на видеоснимката се прицврсти со армирана леплива лента за бочниот дел на автомобил Ford Mustang GT и така се возеше. Судејќи по прикажаните сцени, експериментот е изведен надвор од град, каде што нема поголеми сообраќајници.
„Мустангот“ успеа да развие брзина од 140 километри на час. Каскадерот се држеше со рацете за прозорец. За среќа, лепливата лента издржа и на крај беше исечена со нож за да може авторот на експериментот да се извлече.