Блогер пред смртта снимил како со нозете вози мотор при брзина од 100 км на час (ВИДЕО)

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Global Look Press

33-годишен маж сними ексцентричен клип што му го испрати на другар, а по неколку часа го загуби животот.

Страшниот настан се одигра во Подмосковјето вчера, кога блогерот Артјом Болдирјев, познат како Болт, одлучи да си ја искуша судбината и да испроба нов начин на возење мотор – со нозе. Притоа својата повеќе од ексцентрична постапка ја сними со камера и му ја испрати на пријател.

На снимката се гледа како тој го управува мотоциклот со нозе, а брзина надминува сто километри на час. Низ бучавата едвај се разбираат неговите зборови: „Работат е во тоа што поголемиот дел од проблемот лежи во тоа што јас сум толку рамнодушен човек спрема сѐ, каков што светот нема видено“.

Само неколку часа подоцна Артјом е пронајден како лежи мртов на трасата Дон. Загинал откако со голема брзина се забил во „Газела“ што се движела на паралелната лента. Како што се наведува, немал заштитна опрема. Од мотоциклот останало само куп метал.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња