Дете во Москва.
RBTHВидеото беше објавено на YouTube-каналот на блогерот Габар.
Во видеото, облечен во бунда, Габар седнува во загреан до 40 степени автомобил и се обидува да сфати како се чувствуваат оставените во затворен автомобил деца и домашни миленици. „Разбирам дека се доволни шест минути да му се нанесе непоправлива штета на здравјето на детето. Мислам дека на дете до осум години ќе мора да му се дава вештачко дишење“, потенцира прилично испотениот блогер.
Не можејќи да ја издржи топлината од 60 степени, по еден час Габар излегува од автомобилот. „Ми се врти во главата како да сум во пеколот“, истакнува и ги повикува сите да се однесуваат внимателно спрема децата и животните.
На средината на февруари блогерот се обиде да се закопа жив. Според него, на тој начин тој се обидел да ги тестира своите физички и психички способности во затворен простор, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче