Во руското Приморје снимена необична женка леопард со мрзоволен израз на муцката

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Резерватот „Земјата на леопардот“ објави фотографии од млада голема мачка со специфично лице, пардон, муцка.

„Запознајте се, ова е далекоистичниот леопард Leo 50F“, пишуваат службениците на националниот парк. Уште како многу млада, оваа мачка се издвојуваше од сите други дамчести сродници во Земјата на леопардот по симпатичниот, но сепак незадоволен израз на лицето што се сретнуваше на повеќето од снимките направени со помош на фото-замки“.

Стручњаците се пошегуваа дека уште во детството оваа женка леопард сфатила дека кога ќе порасне, ќе има проблеми со кои се соочувала на таа возраст, како што е пробивањето низ длабок снег.

„Како штотуку да се разбудила“, забележаа следбениците на социјалните мрежи на резерватот.

„Моите мачки изгледаат така како кога ќе си дојдам од работа. Дотрчуваат, но забораваат да се разбудат “.

Погледнете го ова видео од дивината: Најретката голема мачка на светот поминува разиграно попладне во руските ридови