Светската организација за природата: Во Русија живеат шест животински вида на работ на истребувањето

Tamar Assaf/Wikipedia

Светската организација за природа (WWF) соопшти дека во Русија постојат шест животински вида меѓу кои и персискиот леопард, на кои им се заканува истребување, пренесуваат руските медиуми.

„Животните на кои во Русија според мислењето на нашите стручњаци им се заканува истребување се сајгата (антилопа), персискиот леопард, лажичкоклуната спрутка, северниот сокол, сахалинската есетра и калугата (слатководна риба од семејството есетра)“, соопшти Светската организација за природа.

Притоа во фондацијата признаа дека по вложените напори на стручњаците, како и на низа организации, на популаризацијата на некои видови кои се нашле на работ на истребувањето, нивниот број пораснал. Меѓу нив е и амурскиот тигар чија бројност според податоците на оваа организација пораснал од четриесеттите години на минатиот век до денес од 50 на 80 единки. Интересно е што популацијата на амурските тигри на почетокот на дваесетиот век броела илјада единки. WWF инаку има амбициозни планови според кои бројноста на овие животни до 2022 година треба да се зголеми на 600. И популацијата на далекоисточниот тигар е зголемена од 30 на 40 единки, колку што имаше во деведесеттите години од минатиот век, на 110 колку што има денес.

Како што се наведува, работата на фондацијата е фокусирана на зачувување на десет животински вида: амурскиот тигар, далкоисточниот и персискиот леопард, снежниот леопард, европскиот бизон, белата мечка, дивиот северен елен, атлантскиот морж, алтајскиот аргал и сајата.

„Тоа не се само прекрасни животни, ами се и индикаторски видови чија благосостојба значи и благосостојба и здравје на целиот екосистем во кој живеат. Исчезнувањето на овие видови од природата повлекува неповратна „верижна реакција“, се урива рамнотежата, а екосистемот почнува да се распаѓа како кула од карт“, објаснуваат стручњаците на Организацијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња