Стручњаците од паркот велат дека се работи за постар мажјак на амурски леопард. „И покрај годините, се чини дека мажјакот леопард е во одлично здравје и дека е добро расположен“, ја објасни службата на паркот ретката снимка. „Пред камерата овој грабливец си играше како домашно маче“.
Разиграноста на амурскиот леопард активираше една од 400 камери поставени во паркот за следење на здравјето и однесувањето на животните, пренесува RT. Амурскиот леопард, патем, може да достигне брзина до 60 километри на час.
Се смета дека денес на истокот на Русија живеат само 120 единки од овој вид. Но, според бројките од паркот, популацијата на амурскиот леопард покажува позитивна тенденција.
Амурскиот леопард е познат како моќен, но осамен предатор, кој во дивината може да живее 10-15 години. Нивниот број се намали како резултат на ловокрадство и намалената површина на природни живеалишта. Паркот е основан за да ја заштити оваа прекрасна дамчеста мачкана мачка на работ на истребување и да ја врати нејзината бројност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче