Руски возач од екипата на КАМАЗ победи на релито „Дакар” во категоријата камиони

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот тим „КАМАЗ-мастер” под водство на Андреј Каргинов го освои првото место во категоријата камиони на релито „Дакар” во Саудиска Арабија.

Во петокот се одржа последната, дванаесеттата на релито во Саудиска Арабија, со финиш во околината на главниот град Ријад.

Каргинов, кој водеше во генералниот пласман, победи во последната етапа со резултат 1 час 28 минути 41 секунда, со што вторпат во неговата кариера ја однесе победата на „Дакар“ (првиот пат тоа се случи во 2014 година). Во неговиот тим беа навигаторот Андреј Мокеев и механичарот Игор Леонов.

Во генералниот пласман Каргинов беше 42 минути и 26 секунди побрз од второпласираниот Антон Шибалов, исто така од екипата на КАМАЗ. Третото место го зазеде Белорусинот Сергеј Вјазович со камион МАЗ, со заостаток од 2 часа 4 минути и 42 секунди.

За екипата на „КАМАЗ-мастер” ова е 17 победа во историјата на „Дакар“ и тоа е апсолутен рекорд на релито. Лидер по бројот на победи меѓу возачите во категоријата камиони е денешниот раководител на „КАМАЗ-мастер“ Владимир Чагин со 7 титули.

Прочитајте повеќе: Зошто Камаз е најдобар на светот?