КамАЗ го претстави новиот тркачки камион: Први фотографии

КамАЗ

Најновиот модел на камионот специјално направен за рускиот тим „КамАЗ мастер“ им беше претставен на првиот човек на Република Татарстан Рустам Миниханов и директорот на „Ростех“ Сергеј Чемезов во текот на нивната посета на градот Набережние Челни, каде што се наоѓаат производствените погони на најголемиот руски производител на товарни возила.

На високите функционери им беа покажани сите осум генерации на тркачки КамАЗ-и, а меѓу возилата се наоѓаше и примерок на камионот од 1998 година кој прв учествуваше во трките и на финишот пристигна втор. 

Рустам Миниханов и Сергеј Чемезов се запознаа со новиот тркачки КамАЗ кој беше завршен само неколку дена пред доаѓањето на високите гости, пренесуваат руските медиуми.

На фотографиите се гледа дека тркачкиот камион однадвор не се разликува многу од стандардната верзија со исклучок на светлата и дополнителниот браник. Кога станува збор за карактеристиките, новинарите успеаја да „дознаат“ дека се работи за помоќен шестцилиндричен турбодизел мотор.

На рускиот тим „КамАЗ мастер“ во кој беа Едуард Николаев, Евгениј Јаковлев и Владимир Рибаков победата на познатото рели „Дакар 2018“ во категоријата камиони им ја честиташе во јануари оваа година претседателот на РФ Владимир Путин.

Прочитајте повеќе: Што им помага на Русите да победуваат на Дакар?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња