Момче без нозе објави снимка на која се гледа како игра фудбал со Хабиб Нурмагомедов

Global Look Press
Единаесетгодишното момче Али Турганбеков од Казахстан, кое е родено без нозе, на својот профил на „Инстаграм“ објави видео на кое се гледа како игра фудбал со рускиот мајстор на мешани воени вештини Хабиб Нурмагомедов.

Момчето се сретна со Нурмагомедов за време на посетата на UFC-шампионот во лесна категорија на Казахстан.

Али му подари на борецот топка со потпис на фудбалерите на францускиот клуб „Пари Сен Жермен“, а Хабиб му подари Ајфон.

„Му подарив на Хабиб нешто многу вредно за мене, оригинална топка со потписите на Нејмар, Мбапе, Тиаго Силва. Меѓутоа, за уште поскапоцени ги сметам човечките квалитети, вниманието, сочувството, добрата душа и едноставноста на толку големите шампиони каков шро е Хабиб. Тој ми посвети многу време и внимание и јас тоа необично го ценам и многу го сакам“, напиша Али Турганбеков на „Инстаграм“.

Хабиб Нурмагомедов ќе се обиде на 18 април во борбата со Американецот Тони Фергусон да ја одбрани титулата по трет пат.

Рускиот борец инаку деновиве се најде на второто место на најдобрите борци на мешан стил во периодот од 2010 до 2019 година, зад првопласираниот Американец Џон Џонсон, шампионот во полутешка категорија, а во избор на порталот MMA Fighting.

Прочитаjте повеќе: Каде живее првакот на УФЦ Хабиб Нурмагомедов? (ФОТО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња