Дагестанскиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов се најде на годишната ранг-листа на американската спортска телевизиска станица ESPN меѓу стоте најпопуларни спортисти на светот.
Интересно е тоа што шампионот на UFC во лесна категорија го зазеде солидното 15 место, додека неговиот ирски ривал Конор Мекгрегор, против кого во октомври минатата година се бореше во натпревар кој заврши со голема тепачка, се најде на петтото место.
Уште едно големо име на рускиот спорт се најде меѓут стоте најпопуларни. Тениската ѕвезда Марија Шарапова го зазеде 37 место. Таа е втората и претпоследна жена на оваа листа, зад својата американска колега Серена Вилијамс (17) и пред индиската тенисерка Санија Мирза (93).
Тројцата најпопуларни спортисти на листата се Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс и Лионел Меси.
ESPN листата на најпопуларните спортисти и спортистки ја составува со помош на алгоритам кој ги зема предвид заработувачката на спортистите, нивната популарност на социјалните мрежи и колку често се појавуваат во интернет пребарувањата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче