Финалето на Гран-прито во уметничко лизгање во Торино ги запиша во историјата имињата на сите три руски суперлизгачки.
Global Look Press
Аљона Косторнаја ја однесе победата и постави светски рекорд во збир на бодови од двете програми: 247,59 бодови.
Global Look Press
Александра Трусова, која заврши на третото место, исто така стана и првата жена која успешно изведе четирикратен флип во официјален натпревар.
Global Look Press
Победничката во слободната програма Ана Шчербакова, исто така, оствари уникатен резултат. Нејзината комбинација на четирикратен луц и трикратен тулуп стана највредниот елемент во историјата на женското уметничко лизгање. Оваа комбинација ѝ донесе 19,15 бодови.
Global Look Press
Интересно е што претходниот рекорд исто така го држеше Шчербакова. Судиите на турнирот „Скејт Америка“ за истата комбинација на скокови ѝ дадоа 18,66 бодови.