Александра Трусова триумфираше во Канада на штотуку завршената втора етапа на Гран-Прито во поединечна конкуренција во уметничко лизгање за жени. Петнаесетгодишната спортистка во слободната програма буквално се вивна во вселенските височини, како што забележаа руските медиуми, оставајќи ги сите нејзини конкурентки на земја. Таа беспрекорно изведе три четирикратни скока (лук и два тулупа) и освои над 166 поени, постигнувајќи на тој начин нов светски рекорд.
Трусова во двете програми постигна 241 поен, што исто така претставува нов светски рекорд. Притоа младата спортистка ги сруши рекордите што претходно самата ги постави, надминувајќи се самата себеси.
Just like that! Alexandra Trusova lays down an astonishing technical content to take the Free Skating! 🙌#GPFigure#FigureSkatingpic.twitter.com/oW9xSzFMbl
— ISU Figure Skating (@ISU_Figure) October 26, 2019
Иако по кратката програма беше дури трета, Трусова го зазеде првото место со разлика од десет поени од второпласираната. Интересно е што лизгачката падна додека го изведуваше првиот четирикратен скок. Сепак, беспрекорната изведба на останатите елементи во програмата, која се смета како најсложена на светот, ѝ ја овозможи победата во првата етапа на Гран-прито во поединечна конкуренција во уметничко лизгање за возрасни натпреварувачки Skate Canada.
Деветнасетгодишната руска ѕвезда во уметничко лизгање Евгенија Медведева го зазеде петтото место.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче