Во Русија нови таленти за уметничко лизгање се појавуваат од година во година. На Олимписките игри 2014 година светот ја откри Јулија Липницкаја, на Олимписките игри во 2018 година најмногу одличја однесоа Алина Загитова и Евгенија Медведева. Сите три девојки се ученички на Етери Тутбериѕе, една од најуспешните тренери во овој спорт која од претседателот Путин дури доби и Орден на честа.
Аљона Косторнаја во Хокаидо (Јапонија) 23. ноември 2019.
AFLO/Global Look PressНо, оваа година се појави нова, уште помлада ѕвезда, исто така од тимот на Тутбериѕе. Сега е Аљона Косторнаја таа која собира успеси и руши рекорди.
Аљона Косторнаја во Гренобл (Франција), 1. ноември 2019.
AFLO/Global Look PressАљона потекнува од спортско семејство. Татко ѝ се занимаваше со атлетика, а нејзината мајка исто така тренираше уметничко лизгање. Тие ја запишаа Аљона на уметничко лизгање на 4-годишна возраст и, според нивните зборови, таа на почетокот не била особено заинтересирана за спорт.
Аљона Косторнаја во Еспо (Финска), 11. октомври 2019.
Newspix24/Global Look PressРодителите, сепак, не се откажаа и Аљона успеа да ги совлада првите скокови. Тогаш почна да му се радува на уметничкото лизгање. Во 2016 година го смени тренерот и премина кај Тутбериѕе. Една од причините беше тоа што Тутбериѕе беше позната по тоа што нејзините штитеници задолжително се искачуваат на подиумот. А тоа беше сонот на Аљона.
Аљона Косторнаја во Хокаидо (Јапонија) 23. ноември 2019.
AFLO/Global Look PressКосторнаја го освои својот прв златен медал во сезоната 2017-2018, кога ја однесе победата на јуниорското натпреварување во Полска. Така доби можност да учествува во јуниорското Гран-при финале во Јапонија, каде што го освои среброто.
Аљона Косторнаја во Гренобл (Франција), 1. ноември 2019.
AFLO/Global Look PressВо истата сезона успешно учествуваше на руските национални натпревари. Го освои второто место на јуниорското првенство. Потоа, на своето прво сениорско натпреварување ја освои бронзата, а на следното сериозно сениорско натпреварување, Купот во уметничко лизгање, дојде и до златото.
Аљона Косторнаја во Канагава (Јапонија), 28. јуни 2019.
АFLO/Global Look PressВо следната сезона 2018-2019, победи во две етапи на Гран-прито, но во финалето стигна само до бронза. Најновиот успех го постигна на Гран-при натпреварувањето 2019-2020 година.
Аљона Косторнаја во Хокаидо (Јапонија) 23. ноември 2019.
АFLO/Global Look PressВо етапата на Гран-прито во Јапонија (трофеј NHK), Аљона падна на пробата, но во настапот го освои златото и постави неколку лични рекорди, како и светски рекорд во кратка програма (85,04).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче