„Еднаш изгубената чест не се враќа. Не можам точно да ви кажам чии се тие зборови, но тие имаат огромно значење за мене“, напиша Нурмагомедов.
Хабиб и неговиот татко и тренер Абдулманап деновиве беа наградени со Орден на заслужни граѓани на Република Дагестан (за Хабиб тоа е втор таков орден).
31-годишниот борец се подготвува за одбрана на титулата во борба со Тони Фергусон на 18 април 2020 година во Њујорк.