„Како спортистот прерасна во претседател“ - Влијанието на тренерoт на животниот пат на Путин

Владимир Путин со својот тренер Анатолиј Рахлин, 9 декември 2000. Магнитогорск

Владимир Путин со својот тренер Анатолиј Рахлин, 9 декември 2000. Магнитогорск

Reuters
Владимир Путин раскажа како занимавањето со спорт влијаело на неговата свест и животните приоритети.

Владимир Путин во филмот „Тренер“ зборува за својот прв тренер по самбо и џудо Анатолиј Рахлин и за влијанието што Рахлин го имал врз животниот пат на рускиот претседател, пренесува РИА Новости.

„Го сакав мојот тренер. Тој ме оттргна од улицата и ме спаси од неа. Ми овозможи да се занимавам со спорт и со тоа суштински влијаеше врз мојата свест и преиспитувањето на животните приоритети. Во таа смисла, тој влијаеше и на мојот животен пат“, се сеќава Путин.

Според рускиот претседател, тренерот примал и момчиња кои не можеле да направат многу склекови, но ги работеле до крај, до последниот атом на силата, и на тој начин да покажувале цврст карактер. Путин исто така истакна дека многу од момчињата во тоа време сметале дека тренерот премногу бара од нив, но сега сфаќа дека Рахлин всушност се грижел за нив и затоа толку многу барал.

Во филмот се прикажани архивски снимки каде Анатолиј Раклин одговара на прашањето како да се воспита иден претседател.

„Ви велам, јас не умеам воспитам претседател и не знам како се прави тоа. Јас пред сѐ го воспитував човекот во него и го подготвував да стане спортист. А тој прерасна во претседател“, рече Рахлин.

Анатолиј Рахлин е заслужен тренер на Русија и заслужен работник на физичката култура на Руската Федерација. Многумина од неговите пулени станаа успешни спортисти, но и политичари, научници и бизнисмени.

Рахлин работеше како тренер половина век и за тоа време обучи преку 100 мајстори на спортот и тројца мајстори на спорт од меѓународен ранг.

Во 2013 година Путин на својот прв тренер му го врачи Орденот на честа. Анатолиј Рахлин почина во август истата година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња