Путин откри каква корист има од занимавањето со џудо во животот

Sputnik

„Џудото е за мене повеќе од спорт. Џудото кај човекот ја развива силата на волјата, почитта спрема другите, владеењето со себе, способноста да се издржи удар и да се најде достоинствено решение во тешки ситуации“, рече Путин во интервјуто кое во пресрет на посетата на Улан Батор го даде за монголските медиуми, а кое е пренесено на сајтот на Кремљ.

„Заедничките интереси и сличниот начин на размислување (со претседателот на Монголија) нѐ доведоа до тоа брзо да воспоставиме меѓусебна доверба, да се најдеме, што се вели, на иста бранова должина“, рече рускиот лидер.

„Тоа овозможува ефикасен дијалог, решавање на актуелните прашања во конструктивен клуч, успешна реализација на перспективните проекти. На крајот на краиштата, се трудиме да се среќаваме не само на политички настани или економски форуми, туку и на трибините на светските првенства во џудо“, рече претседателот на Русија.

Како што истакна тој, монголскиот претседател Халтмагин Батулга не тренира џудо и самбо во слободно време, туку е признат мајстор на боречки вештини во светот.

Во септември 2017 година претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со претседателот на Монголија Халтмагин Батулга на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изрази уверување дека љубовта кон џудото што ја негуваат двајцата лидери ќе придонесе за развој на деловните и личните односи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња