Путин за самбото како олимписки спорт: Ќе биде тешко, сите знаат дека Русија нема конкуренција

Reuters

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија ќе работи на тоа боречката вештина самбо да биде вклучена во олимписките спортови.

Путин учествуваше на заседанието на покровителскиот совет на Институтот на земјите од Азија и Африка при Московскиот државен универзитет и притоа разговараше и со студентите. Еден од нив,

актуелниот шампион во самбоу Камиљ Абдулазизов, го праша претседателот дали постои можност оваа боречка вештина да стане една од олимписките дисциплини, пренесуваат руските медиуми.

„Сигурно дека треба, можеме и ќе работиме на тоа, посветено и мирно“, рече Путин.

Тој додаде дека тоа е сложено питање, меѓу другото и затоа што Русија во овој спорт практично нема конкуренција.

Путин смета дека треба да се развива и популаризира самбото за да и во другите земји се појават успешни спортисти кои би биле заинтересирани да учествуваат во натпреварувањата.

„Тогаш и тие ќе ја поддржат пријавата самбото да стане олимписки спорт”, рече тој.

Путин рече дека самбото е„национален спорт” во Русија кој „настанал како комбинација на неколку боречки вештини на народите на СССР”.

Студентите го замолија Путин да им одржи мастер-клас по самбо и џудо.

„Ќе се обидам да ви покажам префрлање преку рамо“, се насмеа претседателот.

Во ноември Меѓународната федерација за самбо (FIAS) доби известување од Меѓународниот олимписки комитет дека самбото е привремено признаен како вид спорт.

Прочитајте повеќе: Советската боречка вештина го слави 75-тиот роденден

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња