„Ви благодарам за тоа како управувавте со авионот. Кога сите управувале со земјава онака како што вие управувате со авионот, би било добро“, се пошегува Путин, пренесува „Лајф“.
Во август, авионот А321 за време на летот Жуковски за Симферопол принудно слета во поле со пченка. На авионот му откажаа двата мотори бидејќи во нив влетаа галебите. Благодарение на пилотите и членовите на екипажот, сите 226 патници беа спасени.