На пилотите кои спасија патници слетувајќи во пченка ќе им бидат доделени ѕвезди „Херој на Русија“

Дмитриј Голубович/Global Look Press
Дамир Јусупов и Георги Мурзин, пилоти на компанијата „Уралски авиолинии“,во август годинава успешно приземјија авион „Ербас А321“ со вовлечени тркала и исклучени мотори на поле со пченка недалеку од московскиот аеродром „Жуковски“ и спасија 233 човечки животи.

На руските пилоти утре, 21 ноември, во Кремљ ќе им бидат врачени sвезди на херои на Русија, се вели во соопштението на авиопревозникот.

Авионот на компанијата „Уралски авиалинии“ полета од московскиот аеродром за Симферопол на Крим, но, при полетувањето, како што е соопштено, налета на јато птици. Овој „редок“ случај предизвика дефект на моторот, поради што пилотите рачно мораа да го спуштаат авионот со резервоарите полни со керозин. За среќа, на километар од пистата имаше поле со пченка на кое пилотите го спуштија авионот со вовлечени тркала, исклучувајќи ги моторите неколку секунди пред контактот со земјата. Во авионот имаше 226 патници и 7 членови на екипажот.

Започна итна евакуација. Сите патници успешно го напуштија авионот преку излезите за итни случаи. Пилотите и членовите на екипажот кои им помагаа на патниците на крајот добија аплауз и пофалби од потресените патници.

Интересно е што 41-годишниот Јусупов ја започнал својата пилотска кариера на 33-годишна возраст, а пред да донесе одлука да си го оствари животниот сон, работел како адвокат во општината на градот Сизран (750 км од Москва).

Дамир Јусупов

Тој неодамна им објаснуваше на новинарите зошто престанал да се претставува пред патниците пред летот:

„Порано ги поздравував патниците, велејќи „ви се обраќа капетанот на екипажот Дамир Јусупов“. Но, по тој вонреден случај, луѓето премногу емоционално реагираат кога ќе ми го слушнат името. Премногу се возбудуваат. А не е добро што патниците се толку возбудени“, изјави Јусупов.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња