Патниците од летот што на 15 август заврши со принудно слетување во Подмосковјето вчера првпат по несреќата се сретнаа со екипажот на аеродромот Жуковски, пишува „Россијскаја газета”.
„Емоциите на средбата не можат да се опишат. Според членовите на екипажот, ваквите средби би можеле да се одржуваат и во иднина“, се наведува во соопштението.
Во коментарите корисниците на социјалните мрежи пишуваат за своите впечатоци: „сега сте речиси како роднини, сите ве поврзува тој лет“, „едно големо семејство“, „целата се наежив и ми навираат солзи“.
Летот 178 со 226 патници од Жуковски до Симферопол, кој веќе стана легендарен, за време на полетувањето налета на јато галеби. Кога моторите не откажаа, капетанот донесе одлука итно да го спушти авионот на земја.
Фразата на постариот стјуард Дмитриј Ивлицки „одиме десно, кон сонцето, долж редовите со пченка“ брзо стана мем на социјалните мрежи. Авиокомпанијата дури направи и ограничена серија маици со оваа реченица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче