Западни експерти оценија дека белиот кит што си игра со морнари е „рускиот шпион” Хвалдимир

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Мажјакот на бел кит што си игра со група јужноафрикански рагби навивачи на Арктикот западните експерти го прогласија за „руски шпион“, пишува „Индепендент“.

На Интернет е објавена снимка со овој кит. Тука може да се види како еден од патниците на бродот во Северниот леден океан фрла топка во водат а, а китот ја фаќа и му ја враќа.

Некои експерти оценија дека станува збор за „кит специјално обучен од руската војска“ и кој се вика Хвалдимир.

„Тој личи на Хвалдимир, кој веројатно избегал од руска воена шпионска програма“, изјави новинарот Ферис Џабр.

Оваа теорија ја поддржаа и зоолозите Квад Фвин и Дарен Најш. Тие сметаат дека китот е обучен на разни трикови, како што е да донесе предмети во замена за храна. Се наведува дека оваа претпоставка не е потврдена.

Хвалдимир за прв пат беше виден во април 2019 година во близина на северна Норвешка. Тогаш тој, наводно, носел опрема со натпис „Опрема на Санкт Петербург“.

Китот е виден како им приоѓа на бродовите, бара храна и си игра враќајќи ги предметите што ќе му ги дофрлат и изгледа дека е питом, што укажува дека е навикнат на комуникација со луѓето.

Портпаролот на руската војска во април ја отфрли претпоставката дека Хвалдимир има врска со програмата за воена обука, но призна дека делфините понекогаш се користат за воени задачи, пишува „Индепендент“.

Прочитајте повеќе: На Норвежаните им падна камен од срце: Рускиот „кит-шпион“ е само детски лекар