Испаничените Норвежани веќе стигнаа да му дадат име - Валдимир, што е комбинација од норвешкиот збор „кит“ (hval) и името на рускиот претседател. А како поинаку?
Меѓутоа, белиот кит фатен кон крајот на април покрај норвешкиот брег се вика Семјон и им помагал на деца-инвалиди во руски центар за рехабилитација недалеку од норвешката граница.
Китот имаше на себе GoPro камера прицврстена со ремени на кои пишуваше „техника на Санкт Петербурга“ па Норвежаните набрзина претпоставија дека ѝ припаѓа на руската морнарица која „одамна врши експерименти над животни“ и ги тренира за воени потреби.
„А веќе помисливме на шпионажа, па дури и на војна. А тоа да ти бил обичен кит кој нам, на луѓето, ни посакува само добро. Мил е и со добар карактер“, се радува инспекторот на норвешката полиција Јорген Ре Виг.
Семјон пред 16 години тешко настрадал во напад на морски лавови, меѓутоа луѓето го излекувале. Во 2008 година китот е обучен да помага на деца со психолошки проблеми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче