Може ли белиот кит да биде руски шпион?

Fiskeridirektoratet
Во близината на брегот на Норвешка видена е белуга (бел кит) за која велат дека на себе имала опрема со натпис „Санкт Петербург“. Може ли тоа да биде „набљудувачки кит“? Може, но тоа не е шпионско набљудување како што западните медиуми помислија.

Риболовците во близина на островот Ингој во Финмарк, округ во северниот дел на Норвешка, забележаа белуга со „ремен“ во близина на своите чамци. Китот ги следел и се обидувал да ги повлече ремените кои виселе околу чамците. Веднаш стана јасно дека китот е навикнат на луѓе и на контакт со нив.

Рибарите велат дека китот имал камера GoPro прицврстена на ремените. Овие рибари всушност биле службеници на норвешкото Министерство за трговија, индустрија и риболов. Успеале да го намамат китот и да му ја симнат опремата, по што белугата исчезнала во длабочините.

Уште се вели дека на ремените имало натпис: „Техника на Санкт Петербург“. Тоа е, значи, „руско оружје“,  изјавува весникот „Гардијан“, повикувајќи се на норвешки експерти. Дали е токму така? Да го разгледаме прашањето.

Советската и руската воена морнарица навистина обучуваа делфини и фоки да носат инструменти за нуркачите за време на поправки на бродови и на подморници под вода. Но, војската одамна не ги користи овии животни за офанзивни намени. Руските стручњаци велат дека тоа е премногу скапо и ретко кога е ефикасно, зашто нелите китови се суштества со мошне висок интелект и е тешко да се дресираат.

Претставниците на руските власти и на воената морнарица се воздржаа од коментари во врска со оваа вест, но затоа научниците од Институтот за екологија и еволуција „Сверцов“ во Москва за Би-Би-Си изјавија дека руската војска сега работи со ограничен број бели китови, но не постојат никакви докази дека воената морнарица ги користи за набљудувачки цели.

Рускиот канал „База“ на сервисот Телеграм поразговара во меѓувреме со претставници од санктпетербуршката компанија која веројатно ги направила овие ремени за камера, и тие потврдија дека типот на уред прикажан на фотографиите е навистина произведен, но пред 2010 година. Експертите за „База“ исто така констатираа дека овој вид китови обично се користи за потрага по потонати бродови и опрема.

Според сè, опремата како што е уредот GoPro, што китот ја изгубил или некако успеал да ја отфрли, е наменета за снимање локации на некакви остатоци под водата каде нуркачите инаку би биле осудени на ризик. Значи, станува збор за нешто мошне слично на помош што белите китови им ја давале на нуркачите под вода, за што првично и биле обучувани во советскиот период.

Згора на тоа, кога би сте обучувале белуга за тајна воена мисија, зарем на опремата би сте го напишале името на рускиот град во кој таа е произведена?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња