Снимките направени за време на престојот на шефот на руската држава во тајгата, како што вети неговиот прес-секретар Дмитриј Песков, беа објавени веднаш по полноќ на 7 октомври, на роденденот на Путин.

Reuters
Во сибирската тајга
Рускиот претседател шета по сибирската шума и собира печурки во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Една печурка (очигледно, вид млечница) особено го привлече неговото внимание.

Reuters
„Има шишарка на неа“, изненадувачки вели претседателот, гледајќи го клопчето печурки на кое се најде борова шишарка.
Reuters
На следната снимка може да се види како Путин како се возеше низ тајгата зад воланот на теренско возило. Покрај него беше Шојгу. Дел од патот поминаа пеш.
На снимката се гледа како Шојгу за време на паузата вади од земја корен шумски јагоди. „Можеш да ја посадиш на дачата во Подмосковје“, го советува Путин со насмевка. Шојгу се сомнева дека јагодата ќе се зафати таму: „Ваков воздух и ваква вода треба да имаме во Москва“.
Reuters
„Во секој случај, треба да се стремиме кон тоа“, сериозно одговара шефот на руската држава.
На втората пауза Путин и Шогу имаа пикник покрај оган.
Reuters
Над облаците
Шефот на руската држава исто така се искачи на планински врв, од каде уживаше во погледот на околината. „Енисеј изгледа преубаво од овде“, рече Путин.
Reuters
На снимката се гледа како Путин се качува на планина која, според неговите зборови, е висока околу две илјади метри.
Reuters
„Високо над облаците. Се искачивме повисоко од облаците“, вели претседателот.
Reuters
Рускиот претседател во понеделникот, 7 октомври, наполни 67 години. Како што претходно соопшти неговиот портпарол, Путин еден ден претходно ја посети сибирската тајга, а роденденот „планира да го помине во природа, во кругот на семејството и пријателите“.
Reuters
Во текот на последните неколку години Путин во повеќе наврати заминуваше во тајгата на ден-два, исто така во друштво на министерот за одбрана.