Во Русија расте бројот на луѓе постари од 100 години

Замир Усманов/Global Look Press
Во Русија, во последните 10 години, бројот на жители постари од 100 години се зголеми повеќе од 2,5 пати.

Ова го објави весникот „Известија”, повикувајќи се на податоците на Федералната служба за државна статистика.

Бројот на мажи постари од 100 години на 1 јануари 2019 година беше 5895, а на жени 14687. Додека десет години порано, на 1 јануари 2009 година, бројот на долговечни мажи беше 1253, а на жени 6565.

Претходно беше објавено дека најголем број луѓе постари од 100 години живеат во Москва и Санкт Петербург. Во руската престолнина живеат 6526 лица родени во 1919 година и порано, додека 2940 се во Санкт Петербург. На третото место е Астрахан. Во тој град има 664 луѓе постари од 100 години.

Во Русија до 2024 година ќе биде реализиран националниот проект „Демографија“. Неговата цел е да се намали стапката на морталитет кај населението, да се обезбеди дополнително образование на работоспособните граѓани и да се зголеми достапноста на предучилишното образование. Националниот проект се состои од пет федерални проекти: „Финансиска поддршка за семејствата при раѓањето деца“, „Поддршка за вработувањето жени“, „Стари“, „Зајакнување на здравјето на општата популација“ и „Спортот како животен стандард“. Вкупниот буџет на проектот за наредните шест години изнесува 3,1 билиони рубли.

Прочитајте повеќе: Животниот век во Русија го достигна историскиот максимум

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња