Денес постојат можности за тоа до 2025 година да се зголеми животниот век во Русија до 76 години, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на 21 март за време на заседанието на Советот за стратешки развој и приоритетни проекти. За 2016 година оваа бројка изнесува речиси 72 години, со што покажува зголемување за 6.5 години од 2005 година.
Мажите во Русија живеат десет години и нешто помалку од жените – нивниот очекуван животен век денес изнесува 66.6 години наспроти 77 години кај жените, изјави министерот за здравство Вероника Скворцова.
Значителни успеси во последниве дев години се забележуваат во намалувањето на бебешката и мајчинската смртност. Но, порастот на смртноста кај работоспособната возраст го загрижува претседателот, кој повика да се обрне внимание на оваа група население.
Ниското ниво на животниот век во Русија е поврзан со зголемената смртност кај луѓето во активна возраст – 24-45 години, вели директорот на Институтот за економија на здравството при НИУ Виша школа за економија Лариса Попович. „Притоа во оваа група 52% од причините за смртност се повреди и труења – ова зборува дека станува збор за труења со алкохол или со наркотици, или за психички заболувања, или да сообраќајни несреќи. Со овие работи треба сериозно да се занимаваме за да го зголемиме животниот век не само до 75 години, ами како во Европа – до 80 години“, резимира експертот.
Во Министерството за здравство на прашањето за тоа со кои основни фактори е планирано да се работи за намалување на смртноста, ни соопштија дека основни причини за смртност во Русија остануваат неинфекциските заболувања, чие појавување е причинето од употребата на тутун, употребата на алкохол, неправилната исхрана и ниската физичка активност.
На Советот се разгледуваше и зголемената производност на трудот. Во врска со ова првиот човек на Центарот за стратешки разработки Алексеј Кудрин повика поголем фокус на векот на здрав живот, одошто на животот воопшто.
„На Русија ѝ потребна стратегија за здрава и активна долговечност, а ова е особено важно доколку се земе предвид демографската тенденција: во следниве 15 години младото поколение од 20 до 39 години ќе се намали за 10 милиони луѓе, а бројот на возрасно население ќе се зголеми за 3 милиони“, изјави Кудрин.
Како резултат на тоа економијата ќе треба да се преориентира на повозрасното работоспособно население. Во врска со тоа, смета Кудрин, неопходно е поголемо внимание да се посвети на инвестициите во здравиот начин на живот.
Во Русија треба да се развива и да се пропагира масовната фискултура а не големиот спорт, а за таа цел се добри танците, забележува Љубов Јакубовскаја, експерт во сферата на социјалните проекти. Како пример таа го зема Буенос Аирес каде старите луѓе „не само што живеат до 80 и повеќе години, ами и танцуваат до последниот ден“.
Целта за животен век до 76 година е можно да се постигне, смета Гузељ Улумбекова, раководител на Високата школа за организација и управување со здравството. Но, резултатот зависи, од една страна, од профилаксата и ширењето на здрав начин на живот, а од друга страна од настаните во самиот систем на здравството, за кои е потребно постепено зголемување на финансирањето – приближно за еден и пол пат, до нивото на источноевропските земји.
Основни приоритети, според Улумбекова, се три: здравјето на мажите, здравјето на децата и пристапност до првична медицинско-санитарна помош, особено во руралните региони.
Алексеј Кудрин во своето излагање забележа дека инвестициите во сферата на здравиот начин на живот можат суштински да го подобрат здравјето на нацијата и на трудоспособоста. Тој исто така предлага да се инвестира во истражувања во областа на фармакологијата. Тоа исто така ќе создаде нов импулс за развој на Русија.
Текстот на руски може да се прочита тука.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче