Иако должината на животниот век во Русија во моментов е на историскиот максимум, не смее да се запре на настојувањето за подобрување на тој показател и развојот на здравствениот систем, порача рускиот премиер Дмитриј Медведев на седницата на владата.
Како што рече тој, „во моментов должината на животот во нашата земја го достигна историскиот максимум од околу 73 години“ и сега „треба да се оди понатаму“.
„Овој показател треба да се подобри со развој на здравството, а тоа значи дека ни е потребен и систем за благовремено откривање на болестите и максимално амбулантно следење на здравјето, како и стручна медицинска помош достапна во целта земја и, се разбира, современи технологии за дијагностика, лекување и рехабилитација, вклучувајќи и телемедицински”, рече Медведев.
„Неопходно е исто така да се набави нова современа опрема за регионалните васкуларни центри и примарните одделенија во регионите, како и брзо откривање и лекување на онколошките болести и развивање на мрежата установи за примарна здравствена заштита”, порача рускиот премиер.
Сето тоа не е можно без добри стручњаци, затоа е потребно, како што истакна тој, да се отстрани дефицитот на кадри и да се поправи ситуацијата во поликлиниките.
Првиот заменик-претседател на комитетот на Државната Дума за образование и наука и поранешен главен санитарен лекар на Русија Генадиј Онишченко неодамна од собраниската говорница предупреди на сериозната закана по животниот век на мажите која може да го скрати за десет години. Како што рече тој, на претставниците на посилниот пол кои живеат сами им се заканува живот пократок за 3500 дена. Истакнувајќи ги важноста и бенефитите од семејниот живот тој ги запраша „самите“ дами дали знаат дека нивниот животен век во тој случај, според статистичките податоци, ќе изнесува 1600 дена помалку.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче