Значително поудобен руски воз: Погледнете како ќе изгледаат новите вагони од трета класа

Sputnik
Промената беше повеќе од потребна, а новите тоалети ќе имаат и биде.

„Руски железници“ објавија фотографии од кои можете да видите како ќе изгледаат новите вагони од трета класа („плацкарт“). Можеби ќе забележите некои новитети.

Третата класа во руските возови традиционално беше заеднички простор, со вагоните претрупани со лежаи, така што вашите соседи можевте да ги запознаете и премногу интимно. Меѓутоа, новиот ентериер ќе има прегради, така што повеќе нема да морате да го ширете ќебето заради малку приватност.

Секој лежај ќе има свој штекер за струја и USB влез, а најнепријатното катче на секој руски воз – тоалетот – ќе добие простор за пресоблекување на бебиња и биде. Се очекува патниците да почнат да уживаат во новиот ентериер на вагоните од трета класа од почетокот на наредната година.

Прочитајте повеќе: Патување од Москва до Владивосток со воз во вагон без купе

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња