„Двајца лидери во едно семејство - тоа е запалива мешавина што тешко може кога било да биде предвидлива. Едниот убав, другиот многу убава. Едниот паметен, другиот многу паметен. Едниот амбициозен, другиот многу амбициозен. Се разбира, поизразените епитети овде се однесуваат на дамата “, рече тој за РИА „Новости“.
„Комсомольская правда“ / Global Look Press
Претходно, самата Наталија Поклонскаја во интервју за РИА „Новости“ изјави дека во нејзиниот личен живот се случиле „радикални промени“.
Поранешната јавна обвинителка на Крим Наталија Поклонскаја и тогашниот раководител на апаратот на федералниот омбудсман Иван Соловјов склучија брак минатиот август. За една година заеднички живот тие реализираа неколку хуманитарни проекти и напишаа книга.