Козметичкиот бренд „Кримска роза“ исфрли парфимирана вода од розови ливчиња со ликот на поранешниот јавен обвинител, а денес пратеник во Државната Дума Наталија Поклонскаја, соопштуваат руските медиуми. Новиот производ е посветен на петгодишнината од преминувањето на Крим под закрилата на Русија.
На етикетата на козметичкиот препарат е прикажана Наталија Поклонскаја во аниме стил, облечена во бела генералска униформа на јавен обвинител.
Поклонскаја лично даде дозвола за сите макети, истакнува генералниот директор на компанијата Иван Гладун. Очигледно е дека на „нашата Њаша“ („нашата Слатка“, како што Русите ја нарекуваа во 2014 година) ѝ се допаднал имиџот кој одамна стана препознатлив на интернет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче