Веќе не е благородничка: Поклонскаја одби одликување од руската царска куќа Романов

Комсомолскаја правда/Global Look Press
Пратеничката во Државната Дума на Русија Наталија Поклонскаја го одби одликувањето што ѝ го додели поглаварот на руската царска куќа Марија Мухранскаја-Хоенцолерн. Таа го напиша ова на својата страница на Фејсбук.

Но, сега, пишува Поклонскаја, одлучила да ѝ ги врати на Марија Мухранскаја-Хоенцолерн одликувањето и „благородничките титули“, затоа што не ѝ требаат. Како причина за својата одлука таа го наведе ставот на великата кнегиња за филмот на Алексеј Учитељ „Матилда”.

Според  неа, Марија Владимировна, иако негативно го оценила филмот, не се залагала за негова забрана, а исто така „во одделни случаи“ ја признала за факт љубовната врска на Николај II со балерината Матилда Кшесинскаја.

Поклонска истакнува дека „лицемерните” титули и звања можат да „му го поматат разумот“ на човека и да го спречат да ги штити честа и достоинството на царското семејство и Татковината, што според неа, е „света должност“ на секој човек.

Марија Мухранска-Хоенцолерн претходно изјави дека не смета дека би имало смисла да се забрани „Матилда”, како и дека дури и од светител и херој не треба да се прави „света крава”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња