Командир на „Алфа“ соопшти детали за нападот врз училиштето во Беслан

Припадници на специјалната единица „Алфа“.

Припадници на специјалната единица „Алфа“.

(CC BY-SA 3.0)
Ослободувањето на училиштето во Беслан без жртви беше невозможна мисија. Терористите применија сè што користеа во чеченските војни, поставија дури и вистинско митралеско гнездо во ходникот на училиштето.

Терористите кои го запоседнаа училиштето во Беслан на 1 септември 2004 година користеа мини „хатабки“ и добро утврдени митралески гнезда во ходниците на зградата, што го отежна јуришот и ослободувањето. Ова во интервјуто за порталот „Лента.ру“ го раскажа полковникот на специјалната единица „Алфа“ Виталиј Демидкин, кој раководеше со една јуришна група.

„Терористите ги донесоа во бесланското училиште сите оние смртоносни замки што ги испробаа во Чеченија – ’хатабките“ и останато. Веројатно сметаа дека единиците на различните вооружени структури и локалните осетински доброволци нема да бидат уиграни, како што беше во Чеченија“, рече Демидкин.

Тој истакна дека членовите на бандата биле добро подготвени и дека иницијативата била на нивна страна, а не на страната на Спецназ. „Во ходникот низ кој се пробивавме во училиштето тие поставија вистинско митралеско гнездо: го подигнале подот, наредиле наоколу вреќи со песок и поставиле митралез. Ги ликвидиравме дури кога применивме фрлач на гранати“, рече тој.

Операцијата за спасување на заложниците од училиштето во Беслан.

Демидкин, исто така, укажа дека на Спецназ му била дадена задача која било практично невозможно да се изврши. „Поставена беше задача да продреме во салата за физичко, да ги ликвидираме двајцата терористи кои ги чуваа експлозивни направи прикачени на кошаркарските табли и да ги деминираме, па дури тогаш да започне општ напад. Тоа е, се разбира, фантазија! На таа задача требаше повеќето од нас да изгинат“, додаде тој.

Терористичкиот напад врз училиштето бр. 1 во Беслан беше извршен на 1 септември 2004 година. Тие пристигнаа во Северна Осетија по еден селски пат, заобиколувајќи го граничниот премин.  Во текот на три дена терористите држеа повеќе од 1200 заложници во салата за физичко, и тоа без храна и вода. Еден број заложници беа стрелани, а некои загинаа од експлозиите и вооружениот судир за време на јуришот на Спезназот. Вкупно 334 луѓе го загубија животот, од кои 186 деца. Загинаа десет припадници на Центарот за специјални намени на Федералната служба за безбедност (ЦСН на ФСБ). Тоа се најголемите загуби што рускиот Спецназ кога било ги претрпел за време на една операција.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња