Пред почетокот на Првиот касписки економски форум што се одржува во Туркменбаши, премиерот на РФ Дмитриј Медведев, кој ја предводи руската делегација на овој собир, се состана со претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов и притоа му покажа бела лимузина „Аурус”.
Бердимухамедов, без многу размислување, пофалувајќи ги раскошниот изглед на лимузината, добрата цена и големата решетка на ладилникот, рече дека сака да ја набави комплетната линија руски возила од премиум класата марка „Аурус”. Медведев се заблагодари за толку високото мислење за руските автомобили и рече дека барањето, во секој случај, е прифатено. Договорено е сите дополнителни прашања поврзани со набавката на автомобилите да ги решат претставниците на надлежните министерства.
Медведев му објасни на својот домаќин дека тоа е класична варијанта и дека постои специјална верзија за претседателите на државите. Откако седна зад воланот, претседателот на Туркменистан го пофали присуството на дигиталните технологии, а потоа двајцата државници се преместија на задното седиште и продолжија да разговараат за карактеристиките на „Аурусот“. Изразувајќи намера да купи автомобили „Аурус“, Бердимухамедов посебно се осврна на белата боја и на големата решетка на ладилникот, што е важно кога се користи автомобил на топли климатски услови.
Моделот Aurus Senat во блескаво бела боја беше произведен во јули годинава во Државниот центар НАМИ токму за презентација на Првиот касписки економски форум во Туркменистан. Се работи за верзија која се појавува првпат, а која е произведена во само еден примерок, пренесуваат руските медиуми. Патем, Научно-истражувачкиот автомобилски и авто-мото институт НАМИ, во соработка со руската група „Солерс“ и странски партнери, го реализираше проектот „Кортеж“ во рамките на кој се создадени автомобилите со комерцијално име „Аурус“.
Седанот Aurus Senat и блиндираната Aurus Senat limousine Аурус ја имаа својата европска премиера на меѓународниот автомобилски саем во Женева што се одржа од 5 до 17 март. Западните медиуми ги карактеризираа овие возила како конкуренција на „Бентли“ и „Ролс-Ројс“. Како што можеше да се слушне, седанот Aurus Senat во слободна продажба ќе чини 18 милиони рубли.
Како што се очекува, возилата од марката „Аурус“ ќе се произведуваат во четири типа каросерија – теренец, седан, минивен и седан. Според министерот за индустрија и трговија на РФ Дениса Мантуров, сериското производство на овие автомобили ќе започне во 2020 година, а се планира производство на пет илјади автомобили годишно. Меѓутоа, оваа година продажбата на „Аурус“ за највисоките државни функционери ќе биде ограничена на пет или шест парчиња поради приоритетот во задоволувањето на потребите на кремљовската гаража. Како што рече Манутров, има и голем број нарачки од странство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче