Пар од Русија тргна на пат долг илјада километри за да гаси шумски пожари

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Надежда и Владимир тргнаа од нивниот Кисељовск (Кемеровска област) за да помогнат во гаснењето на пожарите. Тие ја донесоа одлуката кога во нивната населба, далеку од шумите што ги голта огнот, се појави чадот од Сибир.

Младите за почеток го избраа Краснојарск, затоа што е најблизу до нив, оддалечен е само 500 км.

„Никогаш во животот не сум била волонтер, ниту пак сум гаснела изгорев пожар. Јас сум фризерка. Но, небото овде кај нас е речиси црно од тие пожари. Колку може да се седи со скрстени раце“, се прашува Надежда.

Таа додава дека таа и нејзиното момче објавиле видео порака – повик до сограѓаните да им се придружат, но засега патуваат сами.

Младите се надеваат дека ќе најдат други доброволци во Краснојарск и ќе се упатат понатаму кон Богучанскиот крај (кој е оддалечен речиси 1000 км од нивниот дом) за да им помогнат на пожарникарите и војската на лице место.