Путин ја прати војската да ги гасне пожарите во Сибир

Константин Михајлов/ Russian Look/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин му наложи на Министерството за одбрана на РФ да помогне во гаснењето на пожарите во Сибир, соопшти службата за односи со јавноста на шефот на руската држава.

Претседателот на Русија Владимир Путин, откако го разгледа извештајот на министерот за вонредни состојби, му даде налог на Министерството за одбрана на РФ да се вклучи во гаснењето на пожарите, се наведува во соопштението.

По налог на претседателот, група на вооружените сили останува во Иркутската област до следната наредба.

Премиерот Дмитриј Медведев им наложи на губернаторите да ја држат ситуацијата под контрола. Според министерот за природни ресурси и екологија на РФ Дмитриј Кобилкин вонредна состојба е воведена во пет руски региони, а површината зафатена од пожарите изнесува три милиони хектари.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња