Обелоденета пазарната вредност на автомобилот Aurus Senat Sedan

Максим Шеметов/Reuters
Министерството за индустрија и трговија на РФ соопшти дека Aurus Senat Sedan ќе чини во малопродажба околу 18 милиони рубли (околу 250000 евра).

„Точната цена на „Аурус“ за нарачетелите во малопродажба ќе биде објавена на денот на отварањето на изложбениот простора, а прелиминарно изнесува околу 18 милион рубли“, пренесува РИА „Новости“.

Министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров соопшти дека за автомобилот Aurus се заинтересирани купувачи од Блискиот Исток и некои европски политичари.

„На пример, деновиве имавме средба со претседателот на словачкиот парламент Андреј Данко. Тој се распрашуваше кога ќе биде можно да се купи овој автомобил. На Блискиот Исток има многу заинтересирани купувачи“, рече Мантуров.

Министерот истакна дека во малопродажба ќе се појават само пет-шест илјади возила.

Мантуров, исто така, нагласи дека и самиот има препораки во врска со усовршувањето на автомобилот Aurus врз основа на личното искуство при користењето на овој автомобил.

„Мене лично ми е интересно да давам препораки поврзани со усовршувањето на автомобилот“, рече Мантуров, додавајќи дека креаторите на ова возило го земаат предвид неговото мислење.

Според рускиот министер, на индустриската изложба „Инопром“ ќе бидат претставени два автомобила од марката Aurus.

„Да, Aurus ќе биде на „Инопром“. Тоа ќе биде истиот оној автомобил презентиран во Женева и на Петербуршкиот меѓународен економски форум, во боја на „Руско злато“. Вчера беше на турнирот во голф Innoprom Golf Cup, наместо странски луксузни брендови, а веќе денес пристигна во просторот каде што се одржува форумот“, рече министерот.

Женева, март 2019.

„Но, ќе биде демонстриран и друг примерок. Тој особено ќе ги заинтересира луѓето кои ги интересираат технологиите користени при создавањето на овој автомобил. Кабината ќе биде поделена на два дела: во една е завршениот надворешен изглед, а во вториот демонстрација на технолошките решенија“, додаде Мантуров.

Автомобилите Aurus Senat Sedan и блиндираниот Aurus Senat Limousine беа презентирани на Меѓународниот саем на автомобили во Женева што се одржа од 5 до 17 март. Западните новинари ги карактеризираа како конкуренција на брендовите „Бентли“ и „Ролс-Ројс“.

На приватните купувачи од Русија автомобилите од проектот „Кортеж“ ќе им бидат испорачани во третиот и четвртиот квартал на 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња