Што можат Русинките: Во Московската зоолошка градина чистачка со метла смири бела мечка (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
На интернет е објавена снимка на која се гледа како чистачка на Московската зоолошка градина со помош на метла смирува бела мечка што ѝ пришла сосем близу.

Како што објави рускиот „Прв канал“, жената чистела во оградениот простор за мечката кога животното неочекувано излегло од засолништето и ѝ се приближило.

Кога го забележала животното до себе, чистачката не почнала да паничи, туку само ја пружила метлата и така ја збунила мечката која запрела, а потоа се оддалечила.

Тогаш во оградениот простор влегла друга жена која го свртела вниманието врз себе, а чистачката успеала да излезе.