ВИДЕО: Русин чести кафена мечка сo две колачиња

Возачот имаше две колачиња, но за дивото животно тоа беше малку.

На интернет се појави снимка на која кафена мечка, позната по својата агресивна природа, ги моли туристите за слатки.

На снимката објавена на „Инстаграм“ се гледа како мечката ја турка муцката низ отворениот прозорец на автомобилот и проси од луѓето колачиња. Настанот е забележан на курилскиот остров Итуруп. „Браво, еве ти уште едно, земи, убавецу“, ѝ вели возачот на мечката. А откако ги кркна двете колачиња мажите ѝ соопштуваат дека тоа било сѐ.

„Нема повеќе колачиња. Поздрав, медо! Имај убав ден“, се слуша од позадина.

Мечката првин чека уште малку, а потоа решава да ги пушти луѓето да си одат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња