Ако сте читале за Русинот „живата мумија од мечкино дувло“, не верувајте. Ловечка приказна!

AFP

Александар (65-70) го пронајдоа ловечки песови во мечкино дувло во Република Тува, пренесоа многу руски и светски медиуми. На несреќниот човек наводно мечка му го скршила `рбетот и го одвлекла во нејзиното дувло како залиха на храна.

Ловците кои го пронајдоа Александар помислиле дека телото е мумифицирано, но наскоро сфатиле дека човекот е уште жив. На снимката се гледа тело покриено со исушена крв и земја, но Александар сепак ги движи рацете и вели дека поминал во дувлото на еден месец, а преживеал пиејќи си ја сопствената урина.

На веста се лизнаа многу руски и светски медиуми, но администрацијата на губернаторот на Тува соопштува дека не знае ништо за овој многу необичен случај, а Министерството за здравство на републиката нема информации за хоспитализација на „живата мумија од мечкино дувло“.

Лекарите кои руските медиуми ги замолија да ги коментираат повредите на телото на Александар велат дека одговараат на приказната, макар што слични повреди би можел да нанесе и друг крупен ѕвер. Во секој случај, човек не е во состојба толку долго да опстане со скршен `рбет и без храна, па макар и да пие урина, сигурни се стручњаците.

Полицијата на Тува додава дека фотографиите со Александар се појави на интернет уште пред неколку години.

Ако се земе предвид сѐ, ни останува да заклучиме дека на Тувинците им се допадна вниманието на медиумите по вестите за Николај Ургит, кој се одбрани од мечка одгризувајќи ѝ парче од јазикот. А тоа веќе не е никаква ловечка приказна. Се надеваме...

Па тоа ни ДиКаприо не го прави: Русин се одбранил од мечка одгризувајќи ѝ го јазикот!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња