Сликата е симболична
ReutersВо Астрахан во Русија судските извршители пронајдоа човек кој поради неплатена алиментација во вредност од 200000 рубли се сокрил во гроб, соопшти службата за односи со јавноста на регионалната Федерална служба на судски извршители.
По него била распишана потерница бидејќи не платил за алиментација и не одговарал на поканите на судските извршители, се наведува на сајтот на ресорот.
Извршителите утврдиле дека должникот не живеел на пријавеното место на живеење и дека работел на копање гробови на гробиштата, така што се упатиле да проверат дали човекот се наоѓал на работното место.
Како што им надлежните на гробиштата им кажале, работникот во тој момент се наоѓал на непосредно извршување на работата. Должникот, кога го видел судскиот извршител во далечина, без многу размислување легнал во гробот и ги затворил очите. Меѓутоа, откако извршителот го повикал по име и презиме, тој се помрднал и се вратил во живот и од него била земена изјава, се наведува во соопштението.
Против несреќниот должник би можело да биде поведена кривична постапка според соодветниот законот за „неплаќање средства за издржување деца или родители кои не се способни за работа“.
Управата на федералната служба на судски извршители за град Москва направи типичен портрет на лице кое избегнува да плати алиментација во Русија. Станува збор за маж на возраст меѓу 30 и 42 години кој во просек должи околу 215000 рубли.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче